Search

Терористички напад во Иран: Вооружени лица упаднаа во џамија, четири лица загинаа

Во денешниот напад врз шиитско муслимански храм во централниот ирански град Шираз, загинаа најмалку четири лица, објавија државните медиуми, додавајќи дека едно лице е уапсено. Според извештаите, вториот напаѓач избегал и полицијата трага по него.

Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за нападот врз храмот Шах Чераг, за кој државната новинска агенција ИРНА соопшти дека го извршиле терористи.

„Четири лица се убиени во терористички напад на двајца вооружени мажи на храмот Шах Чераг во градот Шираз“, објави новинската агенција ИРНА.

Исламската држава минатиот октомври објави дека извршила напад врз храм во кој загинаа 15 лица, пренесува Ројтерс.

Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека најмалку седум лица се ранети и дека продавниците во областа се затворени. Државната телевизија соопшти дека областа на светилиштето била опколена од безбедносните сили.

Исламска држава ја презеде одговорноста за претходните напади во Иран, вклучително и смртоносните двојни бомбашки напади во 2017 година, чија цел беше иранскиот парламент и гробниците на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухолах Хомеини.

Треба да знаете
Последни објави