Search

Меѓународен ден на леваците: Ги има 10 пати помалку од деснаците, дали се посебни?

Човештвото сè уште нема одговор на прашањето зошто има десет пати повеќе деснаци, а ниту теориите дека левораките се попроблематични, покреативни или попаметни од деснаците немаат потврда.

Сепак, истражувањата покажуваат дека леворак човек може полесно да научи да пишува со десната рака отколку деснак со левата рака.

Меѓународниот ден на леваците првпат го прослави Дин Р. Кембел во 1976 година, за да ја истакне секојдневната борба со која се соочуваат. Тој беше основач на Left-Handers International Inc и оттогаш овој ден се слави секоја година.

Во средниот век, левораките често биле осомничени за вештерство и обвинувани дека се во сојуз со ѓаволот.

Некои од познатите леваци се: Опра Винфри, Бред Пит, Џулија Робертс, Барак Обама, Чарли Чаплин, Морган Фримен, Алберт Ајнштајн, Никола Тесла и други.

Треба да знаете
Последни објави