Search

Изгореа штандови за книги во пожар во Тетово

Пожар избувна на штандовите за продажба на книги пред тетовскиот Центар за култура околу 17 часот. Граѓани, вработени во околните кафулиња и други дуќани први се обидоа да го изгаснат огнот употребувајќи кофи со вода и ПП апарати.

-Не знам што се случило, ми се јавија само дека има пожар. Штетата е над 10 илјади евра. Изгореа неколку штандови, неколку кутии со книги успеавме да спасиме. Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата ќе биде над 20 илјади евра, изјави Мухамед од Нобел книжарница. 

По пријавата интервенираше и тетовската пожарна од каде со едно возило и четири пожаникари го изгаснале огнот.

Треба да знаете
Последни објави