Search

Уапсен педофил, Романец снимал голи деца на базен во Ровињ, го пријавиле вознемирени гости

Полицијата во Ровињ уапсила четириесет и седумгодишен романски државјанин бидејќи со својот мобилен телефон снимал голи деца на базен.

Осомничениот бил уапсен во вторник, на 8 август, откако работниците во кампот во Ровињ пријавиле во полиција дека забележале лице кое со мобилен телефон снима голи деца на базенот.

Во рамки на истрагата, полицијата од романскиод државјанин одзела мобилен телефон и мемориски картички, а во таа прилика биле пронајдени видео снимки со дискриминаторска содржина.

Државјанин на Романија е осомничен дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.

Треба да знаете
Последни објави