Search

Смртни закани за новинарот Горан Момировски од Алфа ТВ

Доцна вечерва „Македонската асоцијација на новинари“ преку соопштение до медиумите информираше дека имало „желба за ликвидација од новинарка која наводно посакувала смрт за новинарот Горан Момироски“.

„Очигледно е дека организациите во чие основање и работење учествувал колегата Момироски, без неговиот ангажман даваат резултат кој во последните 7 години е целосно поразителен за новинарството како професија. Ја поздравуваме смирената и разумна реакција на почитуваниот колега Момироски, кој иако не е член на МАН, има отворена покана да се придружи на МАН и вистински заеднички да работиме за заштита на новинарите и медиумските реформи“, велат од МАН.

МАН ќе продолжи со своите напори за законски реформи кои ќе овозможат поголема заштита на новинарите од секој вид на закани, бидејќи тоа е единствениот цивилизиран, етички, законски и Уставен начин на делување, додаваат во соопштението.

Реакцијата се однесува на пораката на Слободанка Јовановска „Уште тебе да те снема“, за сатиричниот пост на новинарот на емисијата „Заспиј ако можеш“, на новинарот на телевизија Алфа, Горан Момироски.

„Независно од психолошките мотиви на новинарката на сајтот „Независен“ Слободанка Јовановска, таа со оваа своја објава на социјалните мрежи, директно повикува на ликвидација на независниот новинар, што само по себе е закана по животот и безбедноста на Горан Момироски.

Треба да знаете
Последни објави