Search

Кисела Вода и годинава обезбеди бесплатни ранци и училишен прибор за сите првачиња

И оваа година Општина Кисела Вода обезбеди квалитетно анатомско ранче и прибор за секое прваче. Околу 650 дечиња од осумте основни училишта во Кисела Вода кои за првпат ќе седнат во училишните клупи, бесплатно ќе добијат квалитетно анатомско ранче, тетратки и неопходен училишен прибор.  

-Со овој проект кој лани за првпат го започна Кисела Вода, и искрено се радувам што се прошири речиси низ целата територија на Македонија, имаме за цел да им овозможиме финансиско олеснување на сите семејства кои и оваа година за своето прваче треба да издвојат огромна сума на пари и тоа во ек на енормни поскапувања. Првиот училишен ден за секое прваче значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца. Тој мора така да се запамети, а не по финасиски грижи и токму затоа, сакам да ги известам родителите дека не треба да купуваат чанти и прибор и дека за искористување на оваа мерка нема потреба од исполнување на било какви критериуми. Лани имав задоволство да бидам сведок на толку искрени детски насмевки и прегратки, а верувам дека уште повесело ќе биде и оваа година кога на првиот училишен ден ќе ги поделиме ранчињата. Влогот во најмладите е влог во иднината на Македонија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Треба да знаете
Последни објави