Search

Невремето што го зафати Белград направи „хаос“ со летовите на аеродромот „Никола Тесла“

Поради невремето кое вчера го зафати Белград беа откажани бројни летови на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Истовремено, за време на невремето, во попладневните и вечерните часови имаше забрана за точење гориво во авионите, што дополнително предизвика отстапување од стандардниот распоред на летови.

Овие доцнења ќе се пренесат и на денес, а можно е и целосно откажување на некои летови.

Како што соопштуваат од националниот авиопревозник „Ер Србија“, сите патници кои ќе ги изгубат врските за други летовите ќе бидат пренасочени на други соодветни линии.

Треба да знаете
Последни објави