Search

На „мерцедесот“ на премиерот на Црна Гора, Абазовиќ откажале сопирачките, се утврдува причината

Надлежните утврдуваат што е причината за ненадејното откажување на сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој бил премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија за црногорските медиуми од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на „Вијести“, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тој момент бил во официјална посета на Тиват.

Според неофицијални информации, на контролната табла во автомобилот немало никакви предупредувања.

Абазовиќ откако возилото застанало покрај патот, се префрлил во друг автомобил од придружбата и оттогаш користи друго службено возило марка „ауди“.Од МВР велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километражата која ја има поминато возилото. Но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиец на Абазовиќ, Филип Аџиќ, иницирал вонреден надзор од Управата за безбедност и надзор, „со цел да се утврдат причините и околностите под кои се случил овој настан“.

„Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото се должи на староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило“, изјавија од министерството.

Треба да знаете
Последни објави