Search

Учесниците во пукањето во Приштина имале досие со над десетина кривични дела

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информирал дека учесниците во синоќешниот инцидент и пукање во кафулето „Бон вивант“ во Приштина претходно имале над десетици кривични дела. Во пукотницата едно лице загина, a над 20 се повредени кога пред полноќ избил инцидентот во угостителскиот објект во центарот на Приштина, јавуваат косовските медиуми. 

Министерот Свечља на Фејсбук соопшти дека лицата со криминално досие се наоѓаат на слобода, бидејќи, како што навел, „затаила правдата“.

-Страните вклучени во судирот имаат десетици претходни кривични дела. Кога правдата ќе затаи, слични ситуации се неизбежни! Правдата е работа на полицијата, обвинителите и судиите.

Правдата е комплетен систем кога сите институции ги извршуваат своите функции“, навел Свечља.

Треба да знаете
Последни објави