Search

Работнички ги претстави дресовите за новата сезона

Новата сезона во Првата лига е на прагот, а Работнички ги претстави дресовите со кои ќе настапува во новиот шампионат 2023/24.

„Природа, страст, триумф“, е мотото со кое е претставена новата спортска опрема на Работнички.

„Романтичарите“ ќе носат „црвено-бела“ варијанта, а како резервни опции ги имаат белата и сината боја.

Работнички в понеделник го стартува шампионатот, со дуелот против Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Треба да знаете
Последни објави