Search

Инспекција во фабриката за чипс во Чачак наредила уништивање на серијата кај која е откриено поголемо количество канцерогена материја

Началникот на инспекцијата при Министерствоито за земјоделство, шумарство и водостопанство Ненад Вујоивиќ потврдил денеска дека инспектори се во објектот на компанијата од Чачак – „Chips Way” и дека производителот на чипс ќе сноси последици доколку се констатира било што не е во склад со прописите. Вујовиќ за РТС изјавил дека дел од серијата на чипс кој содржи поголемо ниво на канцерогена материја акриламид од дозволеното и кој бил упатен во Хрватска е уништен, а за остатокот од другиот дел од серијата е изречена забрана за понатамошна употреба и нередено е уништување.

Во нашите контроли утврдивме дека постои врска со другите лотови. Ги испитуваме сите лотови во фабриката. За тие лотови презедовме мерки да се повлечат од прометот -изајавил Вујовиќ.

Производителот на чипс од Чачак за РТС потврдил дека без приговори ги прифатил анализите на хрватската надлежна инспекција и презел мерка за уништување на чипсот од тој лот во кој е произведена проблематичната пратка.

Треба да знаете
Последни објави