Search

Словенија е под вода : Со хеликоптери се извлекуваат луѓе од покриви на куќи, прогласена е вонредна состојба

Драматичните фотографии од поплавите доаѓаат од Словенија – цели населби се под вода, а луѓето од покривите на куќите се извлекуваат со хеликоптери.

Фотографиите и видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи покажуваат како хеликоптери ги превезуваат луѓето кои нашле засолниште на покривите на куќите поради поплавите.

Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а се огласија и сирените.

Голем дел од Словенија беше зафатен од катастрофални поплави. Сепак, врнежите што го поттикнаа поплавниот бран се далеку од завршени, па затоа се препорачува внимателност.

Некои населби се целосно отсечени од светот.

Поголемиот дел од најсилните врнежи ќе се префрлат на југоисток од земјава, потоа долж границата со Хрватска на североисток од земјата.

Треба да знаете
Последни објави