Search

За работниците популистички говори, за Апасиев луксузен одмор во Египет

Повеќе интернет портали утрово објавија фотографија на која тврдат дека е забележан Димитар Апасиев како чека ред за летот до Хургада, Египет.

Хургада е луксузна дестинација каде аранжман за едно лице за „ол инклузив“ летување од десет дена чини и над 1.000 евра, а ако летувањето е во сопствена режија, може да чини дури и двојно поскапо.

На оваа дестинација летуваат илјадници македонски граѓани и тоа не е спорно, но она што е „боде очи“ е што меѓу нив е и лидер на политичка партија која постојано зборува за грижа за работниците и наводно се бори против неправдата кон нив.

И додека Апасиев веќе е во Египет, стотици илјади македонски граѓани нема да можат да си дозволат летување ниту во сопствената држава, а тој факт пред извесен период го сподели токму самиот Апасиев.

Но, сепак на лидерот на Левица очигледно му треба луксузен одмор од долгите говори во Собранието, па решил жешките августовски денови да ги мине ни помалку ни повеќе туку во Египет.

Треба да знаете
Последни објави