Search

Завршена рехабилитацијата на патот од Берово до Владимирово

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски извршија увид во завршената реконструкција на регионалниот пат од Берово до насленото место Владимирово. Патот е во должина од 5,5 километри, а инвестицијата е во висина од 45 милиони денари, средства обезбедни преку централниот буџет.

“Направивме добар проект за граѓаните на Владимирово и веруваме дека со ваквите проекти даваме сериозeн придонес за задржување на граѓаните во насeлените места. И ова го правиме се со цел да придонесеме за подобра инфраструктура, побезбеден сообраќај и поврзување со останатте населени места. Ведувам дека со оваа инвестиција од преку 45 милиони денари реализиравме многу значаен проект. Остануваат да се завршат уште неколку технички зафати, да се постави сообраќајна сигнализација и банкини и со тоа ќе завршиме уште еден инфраструктурен проект”, изјави министерот Бочварски.  

Тој посочи дека е завршена реконструкцијата на патните правци кон Струмица и Виница, рехабилитиран е патниот правец од Берово кон ГП Клепало, реализирана е и изградбата на фекалната канализација во туристичката населба на Беровското Езеро, во селото Ратево е изграден водоснабдителен систем, а сега таму се започна и со реконструкција на улицата Илинденска.

Треба да знаете
Последни објави