Search

Земјотрес во Хрватска, повторно погодена Петриња

Сеизмографите забележаа земјотрес во областа Петриња во 15 часот и 20 минути. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а епицентарот на 15 километри северозападно од Сисак.

Магнитудата на земјотресот била 3,1 степени според Рихтеровата скала.

-Силна експлозија, громови, куќата многу се стресе. Страшен звук од пукање на ѕидовите од куќата – изјави сведок од Петриња.

-Беше убав тресок. Како да удри автомобил во зградата – изјави сведок од Сисак, кој исто така го почувствува потресот.

Областа Петриња беше особено погодена од земјотресот во 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави