Search

(Видео) Граѓаните во Грција бараат ослободување на плажите окупирани со скапи лежалки

Граѓаните на Родос и Парос протестираат поради незаконската приватизација на плажите, објави Катимерини. Протестите се познати како „Движење за слободни плажи“ или „Движење пешкир“.

Грчките граѓани се обидуваат да ги спречат активностите на приватниот сектор кои вклучуваат нивелирање на песочни дини и отстранување на песокот. Компаниите често прават промени во обликот на брегот за да ги исполнат очекувањата на посетителите.

Поради протестите и реакциите на грчките граѓани, министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаџидакис денеска издаде наредба за интензивирање на проверките на плажите, за почитување на одредбите од договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции.

-Овие контроли, по службена должност или по претставки од граѓаните, ќе се интензивираат во текот на целата летна сезона со цел да се почитуваат условите од договорите потпишани со стопанствениците, да се обезбеди пристап на граѓаните до плажите во согласност со правилата на Уставот и да се заштити имиџот на грчкиот туристички производ.

Министерот за национална економија и финансии Костис Хацидакис изјави: „Во секој случај, нашата одлука е да ја запазиме законитоста на плажите доделени од државата и целосно да ги почитуваме договорите што се потпишани. Секое прекршување на законитоста ќе не најде спротивно. Го задолжив новиот генерален секретар за јавна сопственост, оние кои не ја почитуваат содржината на соодветните договори нека знаат дека никого нема да поштедиме“.

Движењето пешкири реагира на тоа што има чувари на плажите, немање слободен простор и премногу скапи лежалки кои достигнуваат и до 120 евра. Лежалките во последните редови достигнуваат до 40 евра.

Некои „закупиле 20 метри квадратни, а имаат 200-300“, изјавија од Движењето истакнувајќи дека „некои од нив признаваат дека немаат дозвола.

Треба да знаете
Последни објави