(Видео) Спасувачка акција на Галичица: Параглајдерист паднал и е тешко повреден, со хеликоптер пренесен во болница

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист.

Поради сериозните повреди на р’бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР.

Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Треба да знаете
Последни објави