Семакедонска средба во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Трново

Во потпелистерското село Трново, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ претпладнево ќе се одржи традиционалната 52. Семакедонска средба, чиј домаќин и организатор е Матица на иселениците од Македонија.

Според програмата, поздравни обраќања на средбата ќе имаат градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, проф. д-р Наташа Котлар Трајкова и претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески.

Традиционално, на собирот во Трново, поздрави од Македонците во регионот и светот пренесуваат и претставници на македонски здруженија на граѓани, а за присутните е подготвена богата културно-уметничката програма во која годинава ќе учествуваат естрадните уметници Ламбе Алабаковски и Крум Спасовски и Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола, а рецитал за Никола Јонков Вапцаров ќе изведе артистот Петре Темелковски, најавија организаторите на Семакедонската средба која денес ќе се одржи во битолско Трново. 

Треба да знаете
Последни објави