Search

ЈСП Скопје за „Илинден“ ќе вози по неделен возен ред, жичарницата ќе работи до 20 часот

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за време на утрешниот (2 август) државен празник „Илинден“ информира дека јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.

Жичарницата кон врвот на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Треба да знаете
Последни објави