Search

Додека гинат животни, скопската ЗОО се фали со нов веб сајт

Скопската јавност деновиве беше шокирана од угинувањето на три расни коњи, дел од животинскиот фонд во Зоолошката градина Скопје.

Единките од подвидот Прежавласки коњ според сомневањата биле отруени, а како дошло до таква катастрофа, се уште нема одговор од одговорните во скопската ЗОО.

Истовремено, ова не е прв случај на нехуман третман на животните во Зоолошката градина, сцени на колење животни се случуваа и во месеците наназад.

И додека во градината која е и едукативна установа, се случува угинување на животните, од менаџментот на ЗОО несреќно или не, се пофалија со пуштање во употреба нова веб страница, која замислете, според ПР содржината пласирана до медиумите, ќе била достапна 24/7 за граѓаните.

Последната година и половина се менуваа директори на Зоолошката градина, а за истиот период се намножија негативните реакции на граѓаните кон оваа установа, а наместо на надминување на лошата состојба, одговорните во ЗОО се одлучија да се пофалат со нова веб страница, небаре сето ова се случува во 2003, а не во 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави