Со тројца македонски репрезентативци МЗТ го комплетира тимот за новата сезона

Со обнова на договорите со Бојан Крстевски и со Дамјан Робев, како и со повторниот ангажман на Љубомир Младеновски, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го комплетира тимот со кој во новата сезона ќе ја брани двојната круна и ќе се обиде да избори враќање во АБА-лигата.

Македонската тројка го заокружи тимот од 12 кошаркари на кои ќе смета тренерот Васко Атанасов за претстојната сезона, меѓу кои се уште браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоновски, Марин Петков, Марко Миловановиќ, Србинот Душан Танасковиќ, Хрватот Марко Баковиќ и Американците Седрик Расел и Ејасу Ворку.

Дел од екипата ќе бидат и неколкумина од талентирани млади кошаркари кои по потреба ќе бидат вклучувани во составот за средбите од домашните натпреварувања и АБА2-лигата.

Треба да знаете
Последни објави