Search

За почеток на Османи да му се прифати оставката

Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен,но и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата,блокада на реформите на судскиот систем,злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции,се доволни причини за повлекување од власта, се вели во писмената реакција на Демократскиот сојуз и додаваат:

-ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски ,ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка,посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања,без при тоа да се направат пошироки консултации.

За почеток,од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија.

Влада нема поддршка од граѓаните,ниту од мнозинството во Парламентот,поради што неопходни се избири,како демократски чин за промена на власта.

Треба да знаете
Последни објави