Search

Бугарска компанија сака да го купи Вардар, Комити веднаш одговорија на понудата

Навивачката група „Комити“ објави дека експресно одбиле понуда од бугарската фондација „Македонија“ за купување на 51% од акциите на Вардар.

„Црвено-црните“ се во финансиска криза па нашиот источен сосед се обидува да ја искористи ситуацијата и да стане мнозински сопственик.

Бугарската фондација „Македонија“ доставила предлог да купи 51% од акциите и веднаш да вложат 300.000 евра, како и да одвојат дополнителни 500.000 евра за следната сезона.

Сепак, навивачката група „Комити“ експресно го одбиле предлогот и порачаа дека нема шанси да се случи една ваква зделка.

„До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!“ – гласи известувањето.

„Комити“ ја искористија оваа прилика уште еднаш да ги повикаат навивачите и љубителите на фудбалот да купат членска карта и така да му помогнат на клубот.

Треба да знаете
Последни објави