Search

Повторно пожар во Гоцева шума, постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца

Повторно има пожар во Гоцева шума кај Неготино. Постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца, изјави попладнево за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Оваа спомен шума гореше и вчера, а на терен гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, по што беше ставен под контрола.

Стојанов апелираше на совесност и внимателност во услови на високи температури, особено да се внимава при фрлање на отпушоци од цигари и при работа на земјоделски имоти.

Спомен шумата беше подигната во 1972 година, во чест на 100 години од раѓањето на Гоце Делчев.

Треба да знаете
Последни објави