Search

Откриена статуа на Арсен Венгер пред стадионот на Арсенал

Бронзена статуа на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер (73), како го подигнува трофејот во Премиер лигата, е поставена пред клупскиот стадион во северен Лондон.

Францускиот стратег остави голем печат на клупата на Арсенал, освојувајќи три англиски титули и седум трофеи во ФА купот, во периодот од октомври 1996 до мај 2018 година.

Венгер го предводеше Арсенал на 1235 натпревари, а со лондонската екипа настапуваше 20 сезони во серија во Лигата на шампиони.

Три и пол метри високата статуа со ликот на Венгер ја изработи Џим Гај и е пред трибината „North Bank“.

Ова е петта статуа пред стадионот на Арсенал. Претходно статуи добија легендарните фудбалери на лондонскиот премиерлигаш – Тони Адамс, Денис Бергкамп, Герберт Чепмен, Кен Фрајр и Тиери Анри. 

Треба да знаете
Последни објави