Search

СВР Куманово : граѓаните внимателно да се однесуваат на излетничките места во пресрет на Илинден

Кумановската полиција денеска апелираше до граѓаните кои ги посетуваат излетничките места да внимаваат и да се воздржат од палење огин на отворено и  други активности кои можат да предизвикаат пожари.

– Во пресрет на претстојниот празник „Илинден“, кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, СВР Куманово упатува апел особено до посетителите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари, апелираат од СВР Куманово.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикување на пожар е кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до осум години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици.

– Исто така упатуваме апел максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат правилата за ограничување на брзината, да се адаптира брзината согласно условите на патот и да не се управува моторно возило под дејство на алкохол, велат од полицијата.

И екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ ги косеа и чистеа површините околу Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце каде на 2 август има излетници и се одржува еден од централните настани за чествување на празникот. И оттаму повикаа граѓаните излетници совесно да се однесуваат и да не оставаат смет на локацијата, посетувајќи дека има садови за смет. 

Треба да знаете
Последни објави