Банкарска асоцијација: Дел од услугите со картичките недостапни, пари може да се вадат на шалтерите во банките

Сé уште нема точна информација за тоа што се случува со банкарските картички кои со часови се вон функција, односно има проблеми со повлкување средства од банкоматите, како и со плаќање на ПОС терминалите на продажната мрежа.

Од Македонската банкарска асоцијација информираа дека дел од услугите на членките на асоцијацијата, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

 -Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Како што веќе пишуваше 24 инфо, од утринава банкарските картички во најголем дел се вон функција. Се работи за сите видови картички од брендовите VISA и MasterCard и тоа од сите банки. Според реакциите на граѓаните, тие се вон функција на банкоматите, а во најголем дел и во проджната мрежа.

Ова е особено голем проблем затоа што многу граѓани, на крајот на месецот, кога ќе се истрошат средствата од дебитните картички, посегнуваат по своите кредитни картички, што значи дека сега остануваат без пари до санирање на проблемот. (З.П.)

Треба да знаете
Последни објави