Трет пораз за македонските кошаркарски надежи на ЕП во Португалија

Македонската репрезентација попладнево забележа убедлив пораз од Исланд со 92:59 (18:13, 18:19, 26:9 и 30:18) на Европското првенство Б-дивизија за кошаркари до 18 години.

Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ одиграа слаб натпревар и само во една четвртина беа рамноправен противник. 

Марко Луканоски со 13 и Ѓорѓи Јакимовски со 11 поени беа единствените со двоцифрен број постигнати поени во македонската селекција.

Македонските кошаркари групната фаза ја завршија со три порази и само една победа.

Треба да знаете
Последни објави