Search

Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови

Температурата на површината на Атлантски Океан околу Флорида Кијс оваа недела се искачи на 38,44 Целзиусови степени или достигна ниво на „топла када“, бидејќи нормалните температури на водата во областа овој период од годината треба да бидат помеѓу 23 и 31 Целзиусови степени, објави Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Зголемениот интензитет лоши временски услови и на копно и во океаните се симптоматични за глобалните климатски промени поттикнати од човекот.

Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во Јужна Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите на храна и егзистенцијата на луѓето.

Претходно, НОАА предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропски бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води. Зголемените температури, исто така, сериозно ги оптоваруваат коралните гребени. 

Треба да знаете
Последни објави