Струга ТЛ забележа миминална победа над Будуќност

 Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ попладнево во Охрид го совлада првакот на Црна Гора, тимот на Будуќност со 1:0. Ова беше прв  натпревар од двомечот во четвртфиналето од квалификациите на УЕФА Конференциската лига.

Стрелец на победничкиот гол беше Бесарт Ибраими на асистенција на Радески по половина час игра во првото полувреме.

Стружани можат да жалат за пропуштените шанси да остварат поголема предност, а можеби и да го решат вкупниот победник.

Реванш ќе се игра во Подгорица на 1 август.

Треба да знаете
Последни објави