Search

Опожарени објекти во близина на црквата Света Петка во Струга

Целосно е ликвидиран пожарот што ноќеска избувнал во објект на улицата „Боро Хаџиески – Путе“, во близина на црквата Света Петка во Струга.

Командирот на територијалната против пожарна единица од Струга Фети Мазари, информира дека пожарот бил пријавен во 2 часот и 55 минути, а пет минути подоцна нивни екипи биле на терен.

– Интервениравме со четири против пожарни возила и 10 пожарникари и во 7 часот утрово пожарот беше локализиран, а во 11 часот и 15 минути целосно ликвидиран. Заафатени беа повеќе објекти и предизвикана е голема материјална штета, изјави Мазари.

СВР Охрид соопшти дека во Струшката полиција во 3 часот утрово било пријавено дека настанал пожар во сендвичара сопственост на Б.И. од Лабуништа.

– Од пожарот биле зафатени уште седум деловни објекти. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Струга, стои во информацијата на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави