Search

Гори товарен брод со 3.000 автомобили на Северно море, едно лице загина

Едно лице загина, а неколку други се повредени во пожар што избувна на товарен брод северно од холандските западнофризиски острови, соопшти холандската крајбрежна стража.

Спасувањето на 23 членови на екипажот е во тек. Неколку од нив скокнале во водата, но биле пронајдени од крајбрежната стража, јавува РТС.

Товарниот брод превезувал 3.000 автомобили од Германија до Египет.

Треба да знаете
Последни објави