Search

Меџити ги повика граѓаните преку онлајн-платформа да му дадат име и слоган на новото движење

Поранешниот висок функционер на ДУИ и иницијатор за формирање нов политички субјект, Изет Меџити, ги повика граѓаните да го кажат своето мислење и да дадат предлог за името и слоганот на новото движење чие формализирање, како што е најавено, треба да се случи наредниот месец.

За таа цел Меџити денеска ја презентираше онлајн-платформата www.levizja.mk на која граѓаните се повикуваат да ги дадат своите предлози за името и слоганот на движењето.

Инаку, зборот „levizja“ преведен на македонски јазик значи „движење“.

За ваквиот потег Меџити попладнево информира преку објава на својот фејсбук-профил, во која, освен за неговата намена, посочува дека името на новиот политички субјект треба да ги одразува вредностите, мисијата и целта за подобра иднина.

„Почитувани граѓани ова е нашата онлајн-платформа преку која од денеска можете да го изразите своето мислење, но и да го дадете вашиот предлог како треба да биде името на новото движење и неговиот слоган кои треба да ги одразуваат вредностите, мисијата и целта за подобра иднина“ напиша Меџити на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави