Search

ЕУ и додели 1,5 милијарди евра помош на Украина за обнова на инфраструктурата

ЕУ ѝ додели на Украина помош од 1,5 милијарди евра, што, според објавата на твитер од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба „да и помогне на државата да продолжи да функционира и да ја обнови инфраструктурата“.

Средствата се дел од програмата за европска финансиска помош за Киев во вредност од 18 милијарди евра.

Фон дер Лајен додаде дека остро ги осудува руските напади врз украинските магацини за жито и инфраструктурата поврзана со извозот.

„Додека Русија ја продолжува својата безмилосна војна, ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина“, напиша претседателката на ЕК, додавајќи дека „ќе има уште“.

Треба да знаете
Последни објави