Search

Валеснија сака да го врати Барди во Шпанија

Шпанскиот фудбалски ла-лигаш Валенсија е во интензивни преговори за потписот на македонскиот рерпезентативец Енис Барди. Според шпанскиот „Ел Гол Дигитал“, раководството на Валенсија преговара со турскиот Трабзонспор да го добие Барди на едногодишна позајмица.

Трабзонспор очекува Валенсија да ги покрие сите обврски кон Барди, а дополнително да плати и отштета за позајмицата.

Македонскиот репрезентативец е член на турскиот Трабзонспор, но има најави за негово враќање во Шпанија, од каде интерес покажуваат и Џирона и Осасуна.

Барди пред да пристигне во Турција го носеше дресот на шпанскиот Леванте од Валенсија, но не би имал против да се врати во тимот на градскиот ривал.

Треба да знаете
Последни објави