Search

Писателите бараат вештачката интелигенција да не ги користи нивните дела без претходно одобрение

Околу десет илјади писатели испратија отворено писмо во кое бараат компаниите кои користат вештачка интелигенција да не ги користат нивните дела без нивно претходно одобрение.

Станува збор за петиција потпишана од, меѓу другите, Маргарет Атвуд, Филип Пулман, Ден Браун, Џонатан Френзен и многу други и се однесува на лиценцата и делот на заработката.

Членовите на Здружението на автори, најголемата американска асоцијација на писатели, го испратија ова писмо до компаниите OpenAi, Alphabet, Meta, Stability Ai и IBM.

Сите овие автори сакаат да бидат фер платени кога вештачката интелигенција ги користи нивните дела за да создаде нешто ново, но и прво да бидат прашани дали ја одобруваат таквата употреба.

Маја Шанбаг Ланг, претседател на ова здружение, рече: „Она што го произведува вештачката интелигенција секогаш ќе биде дериват. ВИ го исфрла од себе она што го апсорбира, а тоа е човечка работа. Праведно е авторите да добиваат плата за „хранење“ на вештачката интелигенција и овозможување напредок“.

Џонатан Френцен истакна: „Здружението на автори прави важен чекор кон заштита на правата на сите Американци чии податоци и зборови и слики се експлоатираат, за голем профит, без нивна согласност“. Со други зборови, тоа се повеќе или помалку сите Американци постари од шест години“.

Членовите на здружението истакнаа и дека напредокот на вештачката интелигенција уште повеќе им отежнува да заработат доволно пари од вештина која многумина од нив ја усовршуваат со децении.

Ова не е прва ваква петиција, односно отворено писмо, бидејќи и други здруженија се обидуваат да ги заштитат своите членови во екот на напредокот на вештачката интелигенција.

Треба да знаете
Последни објави