Search

Хрватска уште ги санира штетите од невремето,без струја уште 5.800 корисници

Штетите од невремето се санираат на истокот на Хрватска. Од Кутина до Жупања, околу 5.800 луѓе се уште се без струја, објави Електростопанството на Хрватска (ХЕП).

За помош на Славонија доаѓаат 150 припадници на цивилната заштита, дополнителни 100 пожарникари со специјална опрема за работа со пили и генератори на струја, 60 припадници на цивилната заштита обучени за работа на височини и војска.

Најтешко им е на старите домаќинства кои не можат сами да ги поправаат покривите на своите куќи.

Во Сисачко-мославинската жупанија најголеми штети има во областите Липовљана, Кутина и Новска. Оштетени се куќи, земјоделски згради, електрични столбови и дрвја.

Луѓето веќе четири дена се без струја. Сите служби се уште се на терен – од пожарникари до работници на ХЕП.

Томислав од Липовљан ги опиша страшните услови во кои се нашле и во кои им е особено тешко поради децата.

„И месото и животните, сите тие сега страдаат. Не можеме да го измиеме подот, не можеме да переме… Не можеме ништо, готвиме на плин и малку надвор, нема друг начин“, додаде тој.
Давор Пољак, вработен во ХЕП, рече дека за 35 години немало ситуација во која луѓето останале без струја повеќе од 24 часа.

Во Загреб службите и денеска работеа на рехабилитација. Некои скршени дрвја и гранки се отстранети од јавните површини, а некои улици се исчистени и измиени, извести Градот.

Сообраќајот се одвива без потешкотии, а се уште не е паметно да се оди по паркови, советуваат од градската управа.

Денеска сите патишта се отворени, тротоарите се речиси целосно исчистени, сега доаѓа следната фаза – коридори од дрвја и паркови, а тоа ќе трае извесно време, велат тие.

Сепак, градот во голема мера е вратен во нормален режим на функционирање.

Треба да знаете
Последни објави