Search

СДСМ: Пратениците на ДПМНЕ не гласаа за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити

ДПМНЕ повторно покажаа дека воопшто не им е грижа за граѓаните и за нивниот стандард.

Пратениците на ДПМНЕ во собранието не гласаа за законските решенија за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, што стави крај на огромните каматни стапки и должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници граѓани.

Каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари.

Се регулираат и таканаречените брзи кредити, каде трошоците не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот.

Прекината е праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.

СДСМ продолжува со конкретни мерки и политики што ги штитат граѓаните и го унапредуваат нивниот економски стандард.

Треба да знаете
Последни објави