ПСЖ го сака Хојлунд како замена за Мбапе

Раководството на ПСЖ донесе дефинитивна одлука за Килијан Мбапе. Тој не заминува со тимот на подготовки во Јапонија, а веднаш тргнаа да бараат и замена. Во моментов се шпекулира дека најблиску до Париз е талентираниот Данец Расмус Хојлунд.

Момчето кое експлодираше во Аталанта и кое цело лето го поврзуваа со Манчестер Јунајтед лесно може да заврши во Париз.

За разлика од „ѓаволите“, ПСЖ е подготвени да плати близу 100 милиони евра за поранешниот фудбалер на Копенхаген и на австриски Штурм.

Хојлунд минатата сезона постигна девет гола во Серија А, а има и просек од гол по натпревар за националниот тим на Данска. Има само 20 години и дојде до израз по повредата на Дуван Запата минатата сезона.

Треба да знаете
Последни објави