Струга ТЛ и Шкупи ќе чекаат можни противници за 3.коло во Конференциската лига

По вчерашната елиминација на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, бројот на македонски екипи на европската клупска фудбалска сцена се преполови на две, пред жрепката за третото коло во Конференциската лига по која в понеделник, Струга ТЛ и Шкупи ќе ги дознаат можните противници.

Во треторангираното по квалитет европско клупско натпреварување Конфернциската лига, продолжува македонскиот шампион Струга ТЛ иако во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите во Охрид беше елиминиран од литванскиот Жалгирис. Стружани на поправен во 2. коло, в среда во Охрид го пречекуваат црногорски Будуќност, а Шкупи в четврток во Скопје ќе биде домаќин на првиот натпревар против бугарскиот Левски.

Жрепката за третото коло во КЛ е закажана за в понеделник во седиштетот на УЕФА во Нион од 14 часот. 

Шкендија синоќа во Кардиф претрпе сензационална елиминација во првото квалификациско коло во Конференциската лига од велшки Хаверфордвест, додека Македонија ЃП беше елиминирана од летонска Рига.

По триумфот пред една недела во Скопје од 1-0, Шкендија со идентичен резултат загуби на реваншот во Кардиф, а велшкиот тим беше поуспешен при изведувањето пенали со 3-2.

Претходно Македонија ЃП загуби на реваншот во Рига со 4-1 и со вкупен резултат од 5-1 го заврши настапот сезонава на европската сцена.

Треба да знаете
Последни објави