Search

Битиќи: 150 компании можат да си дозволат да платат еднократно данок за нови антикризни мерки

Во однос на новиот Данок на солидарност вицепремиерот за европски прашања Фартир Битиќи за веб сервисот Блумберг Адриа истакна дека станува збор само за околу 150 компании кои биле со постојана поддршка од државата во време на криза и заработиле многу во истиот тој кризен период.

Вицепремиерот смета дека тие компании можат и треба да им вратат на граѓаните и државата преку исплата на овој еднократен данок.

„Сметам дека после четири години криза и безрезервна поддршка од државата кон стопанството не сакаме да се навраќаме и да броиме која компанија колку помош земала кога им беше најпотребна, но после четири години кризи и безрезервна поддршка од страна на Владата и од страна на граѓаните кон овие компании, сметам дека сега е моментот, а јавноста треба да знае 150 компании отприлика се во прашање кои ќе бидат опфатени со данокот на солидарност, можат да си дозволат еднократно да платат данок кој ќе се искористи исклучиво за антикризни мерки за граѓаните“ изјави вицепремиерот Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави