Македонија осма во Европа и најдобро пласирана екипа од Балканот на европско првенство во скајранинг во Црна Гора

Македонија е осма во Европа и најдобро пласирана екипа од Балканот на европско првенство во скајранинг кое се одржа во Црна Гора.

Оваа година тимот беше со  десет натпреварувачи  кои се пласирани на конечната табела со 432 бодови на високо 8-мо место од вкупно 19 репрезентации и како најдобро рангирана земја од Балканот.

Најуспешна натпреварувачка на ова првенство е Елена Ртоска со остварени 96 бодови (14 место скај со заостаток од 20% зад победникот и 16 место ВК со заостаток 18% зад победникот.

Во конкуренција на околу 70 тркачи и 61 финишери (36 мажи, 25 жени) се пласираа:

Елена Ртоска — 4:48:03 (14 место)
Вера Урдаревска — 5:05:16 (18 место)
Ивана Пекевска — 6:13:12 (24 место)
Дејан Ангелоски — 3:55:34 (19 место)
Сашо Богојевски — 4:00:02 (24 место)
Димитар Тодоровски — 6:04:06 (35 место)

Треба да знаете
Последни објави