Search

Претседателот Пендаровски се обрати на конференција на Обединетата македонска дијаспора

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првиот ОМД Македонија Симпозиум и Практики, организиран под покровителство на Обединета Македонска Дијаспора, со цел претставување на можностите и потенцијалите на државата и македонската дијаспора на глобалната сцена.

-Чест ми е да се обратам на оваа конференција на Обединетата македонска дијаспора. Познатиот американски историчар на емиграцијата, Маркус Хансен стана познат по тезата дека во секоја дијаспора, третата генерација се обидува да го открие она што втората генерација се трудела да го заборави. Меѓутоа, македонската дијаспора го побива овој принцип бидејќи, не само што немало обид да го заборави своето македонско потекло, туку, тоа, како најголема вредност го пренесува од колено на колено. Потврда за тоа се и младите иселеници кои се дел од програмата „Родум од Македонија” и кои изминативе две недели беа практиканти во повеќе македонски институции и компании. Горан Стефановски велеше, минувањето време во татковината е трансформативно искуство, бидејќи тука е изворот на македонскиот идентитет, на македонската, на нашата приказна.

Особено е важно што интересот на македонската дијаспора не се сведува на некаква пасивна носталгија, туку е пример за активен ангажман и волја за вклучување во современите процеси во татковината. За тоа сведочи и денешнава конференција која има за цел да ги сподели највредните знаења, искуства и успеси на дијаспората. А успеси има многу. На моите патувања низ Европа и светот, редовно се среќавам со успешни Македонки и Македонци кои се почитувани и високо вреднувани во општествата во кои живеат, порача меѓу другото во своето обраќање претседателот Пенадаровски.

Треба да знаете
Последни објави