Search

Битиќи: Ако процесот може да издржи три месеци без тебе, значи не си потребен, административците „сезонци“ да си бараат работа во приватен сектор

Кога деловниот процес може да си дозволи да те нема три месеци, тогаш едноставно не си потребен и затоа кон сите нив имам фер предлог: кога ќе се вратат од сезонска работа, бидејќи сакаат да заработуваат повеќе, да ги понудиме во приватниот сектор, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за Сител, коментирајќи ја ситуацијата со масовно користење на неплатен одмор на вработени во администрацијата за да работат сезонски работи во земји од соседството.

Битиќи најави дека неговата партија за следните избори ќе излезе со програмска определба, дел од административците да се префрлат во приватниот сектор

„Една од определбите во програмата на СДСМ за следните избори ќе биде вертикално движење на вработените од јавен во приватен сектор, на доброволна основа и да имаат шанса да заработуваат повеќе.

Треба да знаете
Последни објави