Search

Трамп сакаше да плати помала отштета за сексуална злоупотреба, судот одби

Федерален судија денеска го одби барањето на Доналд Трамп за ново судење, откако поротата утврди дека поранешниот претседател на САД е одговорен за сексуален напад и клевета на писателката Е.Џин Керол, а судот му досуди отштета од пет милиони долари.

Во одлука на 59 страници, американскиот окружен судија Луис Каплан на Менхетен ги отфрли аргументите на Трамп за намалување на отштетата на помалку од еден милион долари.

Каплан рече дека едногласната пресуда од 9 мај била „речиси целосно во корист на г-ѓа Керол“.

Керол (79) го обвини Трамп (77) дека ја силувал во кабина на стоковна куќа на Менхетен во средината на деведесеттите и ја клеветил кога тој инцидентот го нарекол измама во октомври 2022 година на неговата платформа „Truth Social“.

Трамп, кој повторно влегува во претседателската трка, ја обжали пресудата. Неговиот адвокат не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Треба да знаете
Последни објави