Search

Српска водителка ги собра симпатиите: Гледачите гледаат сако, а под масата…

Фотографијата од водителката на телевизија „Пинк“, Оливера Чоловиќ, од снимањето на емисијата насмеала многу корисници на социјалните мрежи, па и неа.

На Инстаграм се појавила фотографија од водителката од снимањето на „Вести“ која таа потоа ја споделила и на својот Инстаграм профил со емотикон на „човече кое плаче од смеење“.

„Вистинска госпоѓа“, пишува во описот на објавата која ја споделил нејзиниот колега од зад камерите, а во која гледаме како гледачите Оливера Чоловиќ во програма ја гледаат во сако, додека долу носи виолетови кратки панталончиња и папучи со светки.

Оливера Чоловиќ инаку е голема љубителка на патувањата, а на социјалните мрежи е многу активна и редовно објавува фотографии од дестинациите кои ги посетува.

Таа се истакнува по специфичниот стил и строгиот израз, а нејзин заштитен знак е кратката коса од која години наназад не се откажува.

Треба да знаете
Последни објави