Search

Силно невреме ја зафати Хрватска, хаос во Загреб

Силно невреме што претходно ја зафати Словенија, стигна во Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Силниот ветер и обилниот дожд направија хаос во главниот град на Хрватска. Ветерот носи се пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците.

Медиумите јавуваат дека црни облаци се надвиснале над Загреб и дека силните ветрови носат покриви. Јутарњи наведува дека трамваите престанале да работат поради прекин на струја.

Издадено е црвено метео предупредување поради невремето.

Треба да знаете
Последни објави