Search

Исмет Гури оди 30 дена во притвор

Судија на претходна постапка денеска го прифати барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) и  на Исмет Гури, поранешен заменик директор на УЈП, му одреди 30 дена притвор. Притвор е одреден и за уште две лица, кои утрово исто така беа успасени во акцијата на  МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување.

Истата мерка ја доби уште едно лице кое е недостапно. За него, притворот ќе важи од денот на пронаоѓањето

Притворот е определен бидејќи Кривичен смета дека се оправдани основите по кои обвинителството бараше притвор, а тоа се опасност од бегство, како и опасност од сокривање, фалсификување или уништување траги и опасност од влијание врз сведоци со што би можела да се попречи истрагата.

Гури е дел од осомничените во денешната голема акција на МВР и Обвинителството, кој минатата недела беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.

За останатите осомничени, пак, ОЈО ГОКК бараше поблаги мерки за обезбедување присуство.

Истрагата поврзана со даночни измами утрово ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и во неа се осомничени вкупно 15 лица, меѓу кои партиски членови на ДУИ, бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари.

Како што стои во соопштението од Обвинителството, откако третоосомничениот, раководно лице од УЈП, ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет.

Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор.

Утрово од страна на полицијата беа спроведени претреси на 7 локации.

Треба да знаете
Последни објави