Search

Здружението на потрошувачи „Солидарност“ бара стапката на ДДВ за пелетите да не се зголемува во спротивно најавува протести

Како Здружение на потрошувачи СОЛИДАРНОСТ, сме особено загрижени за последните случувања во поглед на зголемување на цената на пелетите.

Имено Владата сака да изврши зголемување на ДДВ-то на овој енергенс од 5% на 18% што неколку месеци пред започнување на грејната сезона дополнително ќе го оптовари џебот на граѓаните.

Нашето Здружение бара додека не е доцна парламентарното мнозинство да го прифати амандманот поднесен од една од пратеничките групи со кој се предвидува за овој енергенс стапката на ДДВ да остане 5%.

Со ова ќе се излезе во пресрет на над 50.000 домаќинства кои ги користат пелетите за затполување во зимскиот период и би се заштедиле околу минимум 6000 денари од домаќинство.

13% поскапување на цената значи плус 2000-2500 денари по тон, а секое домаќинство во текот на една грејна сезона троши од 3 до 4 тони.

Доколку не се излезе во пресрет и не се прифати нашето барње ќе пристапиме кон протести пред Министерството за финансии.

Треба да знаете
Последни објави