Search

Се преврте автомобил на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје

Автомобил во движење се преврте попладнево на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје во близина на кулите Џевахир. Повредено е лицето кое управувало со возилото. На местото на несреќата дојде возило на Итната медицинска помош и од возилото беше извлечено повреденото лице.

Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави